гувее

Глагол, несвршен

Значење на гувее:

1. Со молчење невестата изразува почит кон свекорот, кон свекрвата и др. На свадбата невестата гувееше.

2. (прен.) Стои посрамено пред некого; молчи. Ја згреши работата, па ќе гувееш!

Коњугација: гувеав , гувеаја , гувеал , гувеан, гувеат , гувеев , гувееја , гувеејќи , гувеел , гувеен , гувеј , гувејте .

Изведени зборови:

  • гувеење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако се сторам уште еднаш зет, знам како да гувеам – сега знам како требало да постапувам.

Оригинални податоци:

гувее, гувеат; гувеј, гувејте; гувеев, гувееја; гувеел; гувеен; гувеејќи; мин. св. гувеав, гувеаја; гувеал; гувеан несв. 1. Со молчење невестата изразува почит кон свекорот, кон свекрвата и др. На свадбата невестата гувееше. 2. (прен.) Стои посрамено пред некого; молчи. Ја згреши работата, па ќе гувееш! ◊ Ако се сторам уште еднаш зет, знам како да гувеам – сега знам како требало да постапувам. ‖ глаг. им. гувеење ср.