хармонија
Само во еднина.
Значење на хармонија:
1. Истовремено, усогласено, пријатно звучење на неколку тона; созвучје. Мелодиска хармонија. Хармонија на стиховите.
2. (муз.) Дел од теоријата на музиката. Го подготвува за испит предметот хармонија.
3. Усогласеност на одделните делови во една целина. Мебелот беше во хармонија со пространиот простор на станот.
4. Истомисленост, согласност, еднодушност. Хармонија на барањата и можностите.
5. Слога, разбирање. Брачна хармонија. Хармонија во семејството.
Изведени зборови:
- хармониски, прид. хармонискиот Кон зн. 2. Хармониска линија на песната.
Оригинални податоци:
хармонија (само едн.) ж. 1. Истовремено, усогласено, пријатно звучење на неколку тона; созвучје. Мелодиска хармонија. Хармонија на стиховите. 2. (муз.) Дел од теоријата на музиката. Го подготвува за испит предметот хармонија. 3. Усогласеност на одделните делови во една целина. Мебелот беше во хармонија со пространиот простор на станот. 4. Истомисленост, согласност, еднодушност. Хармонија на барањата и можностите. 5. Слога, разбирање. Брачна хармонија. Хармонија во семејството. ‖ хармониски, хармонискиот прид. Кон зн. 2. Хармониска линија на песната.