хартија

Именка, женски род

Значење на хартија:

1. Индустриски производ од целулоза во форма на тенки листови со различна примена (пишување, цртање, амбалажа и др.). Бела хартија. Украсна хартија. Компјутерска хартија. Парче хартија. Тоалетна хартија. Хартија во боја.

2. (разг.) Документ, ракопис, книга. Пред да потпише, ги разгледа хартиите.

Множина: хартии.

Изведени зборови:

  • хартијка, и. ж. мн. хартијки ; хартијче, мн. хартијчиња ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стави на хартија – напише нешто (заради сигурност, трајност и сл.). Мртво слово на хартија – нешто решено, напишано, но неостварено. Хартијата трпи сè – лесно е да се напише, да се вети, но тешко е да се оствари. Хартии од вредност – меници, обврзници и сл.

Оригинални податоци:

хартија, мн. хартии ж. 1. Индустриски производ од целулоза во форма на тенки листови со различна примена (пишување, цртање, амбалажа и др.). Бела хартија. Украсна хартија. Компјутерска хартија. Парче хартија. Тоалетна хартија. Хартија во боја. 2. (разг.) Документ, ракопис, книга. Пред да потпише, ги разгледа хартиите. ◊ Стави на хартија – напише нешто (заради сигурност, трајност и сл.). Мртво слово на хартија – нешто решено, напишано, но неостварено. Хартијата трпи сè – лесно е да се напише, да се вети, но тешко е да се оствари. Хартии од вредност – меници, обврзници и сл. ‖ хартијка, мн. хартијки ж.; хартијче, мн. хартијчиња ср. дем. и хип.