хемија

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на хемија:

1. Наука што се занимава со градбата на материите како и со процесите и резултатите од нивните меѓусебни реакции. Органска хемија. Неорганска хемија.

2. а) Наставен предмет. Професор по хемија. б) (разг.) Учебник по тој предмет. Излезе нова хемија.

Фразеолошки израз / поговорка:

Има хемија (меѓу нив) – (жарг.) постои силна физичка привлечност.

Оригинални податоци:

хемија (само едн.) ж. 1. Наука што се занимава со градбата на материите како и со процесите и резултатите од нивните меѓусебни реакции. Органска хемија. Неорганска хемија. 2. а) Наставен предмет. Професор по хемија. б) (разг.) Учебник по тој предмет. Излезе нова хемија. ◊ Има хемија (меѓу нив) – (жарг.) постои силна физичка привлечност.