хор

Именка, машки род

Значење на хор:

1. (истор.) Во старогрчката драма – група уметници што пееле песни и рецитирале стихови.

2. Пејачка група, колектив што истовремено пее едно вокално дело. Црковен хор. Детски хор.

3. (муз.) Вокална композиција или партија за хорска изведба.

Множина: хорови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Во хор – истовремено.

Оригинални податоци:

хор, мн. хорови м. 1. (истор.) Во старогрчката драма – група уметници што пееле песни и рецитирале стихови. 2. Пејачка група, колектив што истовремено пее едно вокално дело. Црковен хор. Детски хор. 3. (муз.) Вокална композиција или партија за хорска изведба. ◊ Во хор – истовремено.