хоризонт

Именка, машки род

Значење на хоризонт:

1. Видлива, привидна линија меѓу небото и земната или водната површина; видокруг Замаглен хоризонт. Облаци на хоризонтот. Сонцето се појави на хоризонтот.

2. (прен.) Ниво на знаења, круг на интереси, поглед на светот; видокруг 2. Има широки хоризонти. Патувањата во далечни, егзотични места ги прошируваат хоризонтите.

3. (обично во мн.) Можности, перспективи. Откритијата отвораат нови хоризонти.

Множина: хоризонти.

Оригинални податоци:

хоризонт, мн. хоризонти м. 1. Видлива, привидна линија меѓу небото и земната или водната површина; видокруг 1. Замаглен хоризонт. Облаци на хоризонтот. Сонцето се појави на хоризонтот. 2. (прен.) Ниво на знаења, круг на интереси, поглед на светот; видокруг 2. Има широки хоризонти. Патувањата во далечни, егзотични места ги прошируваат хоризонтите. 3. (обично во мн.) Можности, перспективи. Откритијата отвораат нови хоризонти.