храна
Само во еднина.
Значење на храна:
1. Тоа што се јаде и се пие за да се одржува организмот во добра состојба. Здрава храна. Зрнеста храна. Сточна храна. Готвена храна. Конзервирана храна. Војничка храна. Изобилство од храна. Торба со храна. Резерви на храна. Храна за птици.
2. (прен.) Тоа што служи како извор на нешто, што овозможува да се одржи нешто во определена состојба. Храна за суетата.
Изведени зборови:
- храница, и. ж. и храничка (само едн.) дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Лесна храна – лесно сварлива храна., храна без многу маснотии; спрот. Тешка храна – тешко сварлива храна. Сува храна – сп. сув. Духовна / душевна храна – тоа што е благородно за духот, што му е потребно на духот, што е потреба за душата (литература, уметност и сл.). Топовска храна – тие што се изложени на убивање, што се жртвувани, што неминовно гинат како пресметана загуба во стратегијата на војувањето.
Оригинални податоци:
храна (само едн.) ж. 1. Тоа што се јаде и се пие за да се одржува организмот во добра состојба. Здрава храна. Зрнеста храна. Сточна храна. Готвена храна. Конзервирана храна. Војничка храна. Изобилство од храна. Торба со храна. Резерви на храна. Храна за птици. 2. (прен.) Тоа што служи како извор на нешто, што овозможува да се одржи нешто во определена состојба. Храна за суетата. ◊ Лесна храна – лесно сварлива храна., храна без многу маснотии; спрот. Тешка храна – тешко сварлива храна. Сува храна – сп. сув. Духовна / душевна храна – тоа што е благородно за духот, што му е потребно на духот, што е потреба за душата (литература, уметност и сл.). Топовска храна – тие што се изложени на убивање, што се жртвувани, што неминовно гинат како пресметана загуба во стратегијата на војувањето. ‖ храница и храничка (само едн.) ж. дем. и хип.