храни
Значење на храни:
1. Дава храна некому, помага да се храни некој неспособен или болен. Мајката го хранеше детето. Болниот го хранеа со сила. Добитокот редовно го хранеа и поеја. Кокошките ги хранеа со природна храна.
2. (прен.) Дава средства за нечие издржување, издржува некого. Со киријата го хранеше семејството. Тетката ги хранеше со пензијата.
3. (прен.) (само во 3 л.). Одржува некого во духовна смисла, прави задоволство, восхитува. Природата го хранеше.
Коњугација: хранат.
Изведени зборови:
- се ~ храни, 1. Зема, прима храна, јаде и пие. Се храни здраво. Се хранат со сува храна. 2. Се издржува, прима средства за живот. Се храни од милостина. Се хранеше од одгледувањето тутун. Се хранеа од една платичка.
- хранење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
храни, хранат несв. 1. Дава храна некому, помага да се храни некој неспособен или болен. Мајката го хранеше детето. Болниот го хранеа со сила. Добитокот редовно го хранеа и поеја. Кокошките ги хранеа со природна храна. 2. (прен.) Дава средства за нечие издржување, издржува некого. Со киријата го хранеше семејството. Тетката ги хранеше со пензијата. 3. (прен.) (само во 3 л.). Одржува некого во духовна смисла, прави задоволство, восхитува. Природата го хранеше. ● се ~ 1. Зема, прима храна, јаде и пие. Се храни здраво. Се хранат со сува храна. 2. Се издржува, прима средства за живот. Се храни од милостина. Се хранеше од одгледувањето тутун. Се хранеа од една платичка. ‖ глаг. им. хранење ср.