хроника

Именка, женски род

Значење на хроника:

1. Бележење на настаните по хронолошки ред; летопис. Хроника од боиштата. Хроника на настаните пред инцидентот.

2. Литературно дело што опишува историски настани според хронолошки ред. Хроника на годинешниот „Фестивал на филмската камера Браќа Манаки”.

3. Рубрика во медиумите, печатот и телевизијата – вести и соопштенија од актуелниот, тековниот живот. Културна хроника. Хроника на урбаното живеење.

4. Во кинематографијата – документарен филм од тековниот општествен живот. Телевизиска хроника за едно зафрлено село.

Множина: хроники.

Оригинални податоци:

хроника, мн. хроники ж. 1. Бележење на настаните по хронолошки ред; летопис. Хроника од боиштата. Хроника на настаните пред инцидентот. 2. Литературно дело што опишува историски настани според хронолошки ред. Хроника на годинешниот „Фестивал на филмската камера Браќа Манаки”. 3. Рубрика во медиумите, печатот и телевизијата – вести и соопштенија од актуелниот, тековниот живот. Културна хроника. Хроника на урбаното живеење. 4. Во кинематографијата – документарен филм од тековниот општествен живот. Телевизиска хроника за едно зафрлено село.