хуманизам
Само во еднина.
Значење на хуманизам:
1. (истор.) Прогресивно движење во филозофијата, науката и уметноста од XIV и XV век коешто се темели врз почитување на човечкото достоинство и ослободување од феудалните и црковните догми. Хуманизам во сите пори на општеството. Процут на хуманизмот и ренесансата.
2. а) (филоз.) Учење според кое целокупното наше спознание почива врз човековата природа и е обусловено од човечките потреби. б) Став што се застапува за почитување на човековата личност и човековото достоинство.
Членувана форма: хуманизмот.
Оригинални податоци:
хуманизам, хуманизмот (само едн.) м. 1. (истор.) Прогресивно движење во филозофијата, науката и уметноста од XIV и XV век коешто се темели врз почитување на човечкото достоинство и ослободување од феудалните и црковните догми. Хуманизам во сите пори на општеството. Процут на хуманизмот и ренесансата. 2. а) (филоз.) Учење според кое целокупното наше спознание почива врз човековата природа и е обусловено од човечките потреби. б) Став што се застапува за почитување на човековата личност и човековото достоинство.