ибрик
Значење на ибрик:
1. (арх.) Висок бакарен или сребрен сад за течности (обично за вода) со конусно или топчесто тело со рачка, и со издолжен врат со проширена устинка. Ибрик од сребро. Стави вода од ибрикот. Ибрик со ракија.
2. (прен.) За машко лице ‒ глупак, будала. Молчи како ибрик.
Множина: ибрици.
Изведени зборови:
- ибриче, и. ср.
Оригинални податоци:
ибрик, мн. ибрици м. 1. (арх.) Висок бакарен или сребрен сад за течности (обично за вода) со конусно или топчесто тело со рачка, и со издолжен врат со проширена устинка. Ибрик од сребро. Стави вода од ибрикот. Ибрик со ракија. 2. (прен.) За машко лице ‒ глупак, будала. Молчи како ибрик. ‖ ибриче, мн. ибричиња ср.