иде

Глагол, несвршен

Значење на иде:

1. Доаѓа ваму; со одење или со превозно средство, а и самото превозно средство, се приближува однекаде наваму, обично кон лицето што зборува. Многу ретко идеш. Од далеку ли идеш? Идам право од дома. За првпат идеме овде,во селово. И да го викаш, не иде. Мајка ми иде со ужина. Во мракот иде кон него некаква човечка фигура. Кога иде возот од Белград?

2. Се враќа. Пијан иде од работа. Ни писмо праќа, ни сам иде.

3. Придружува некого при одење некаде. Иди сега по мене ваму! Девојката иде со нив. И ти сакаш да идеш со нас? 4. (прен.) За предмет ‒ пристига, доаѓа однекаде на определен начин. Често идеа писма од синот. Дневно идат по два авиона.

4. За време, период, за природни феномени ‒ наближува, настапува. Иде пролет. Идат темни облаци. Сушите иделе со војната. Иде старост.

5. Влегува, се разнесува, се шири, доаѓа до нашите сетила. Светлина идеше низ малечкото прозорче. Свежина идеше од реката. Неговиот глас идеше оддалеку. Стравот идеше од мракот. Тоа влијание идеше кај нас од соседните литературни јазици.

6. (дијал.) Оди, се движи (ненасочено). По ридот идеа две деца. Турска војска идела од три страни. Идат сватови по невеста. Вечер ќе идеме во кино.

7. безл. Ми (ти, му ...) ~ Од радост ми иде да запеам. Му иде чудна мисла. Му иде да заплаче.

Коњугација: идат , идеа , идев , идејќи , идел , иден , идете , иди , идоа , идов , ишле, ишол .

Изведени зборови:

  • идење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му иде на ум ‒ размислува, се досетува. Му иде жал ‒ се разжалостува. Му иде од рака ‒ го бидува, има способност, способен е. Не му иде умот/паметот ‒ не се вразумува, не се опаметува. Иди (ми) ‒ дојди (ми) ‒ несериозен човек или несериозна работа.

Оригинални податоци:

иде, идат; иди, идете; идев, идеа; идел; иден; идејќи; мин. св. идов, идоа; ишол, ишле несв. 1. Доаѓа ваму; со одење или со превозно средство, а и самото превозно средство, се приближува однекаде наваму, обично кон лицето што зборува. Многу ретко идеш. Од далеку ли идеш? Идам право од дома. За првпат идеме овде,во селово. И да го викаш, не иде. Мајка ми иде со ужина. Во мракот иде кон него некаква човечка фигура. Кога иде возот од Белград? 2. Се враќа. Пијан иде од работа. Ни писмо праќа, ни сам иде. 3. Придружува некого при одење некаде. Иди сега по мене ваму! Девојката иде со нив. И ти сакаш да идеш со нас? 4. (прен.) За предмет ‒ пристига, доаѓа однекаде на определен начин. Често идеа писма од синот. Дневно идат по два авиона. 5. За време, период, за природни феномени ‒ наближува, настапува. Иде пролет. Идат темни облаци. Сушите иделе со војната. Иде старост. 6. Влегува, се разнесува, се шири, доаѓа до нашите сетила. Светлина идеше низ малечкото прозорче. Свежина идеше од реката. Неговиот глас идеше оддалеку. Стравот идеше од мракот. Тоа влијание идеше кај нас од соседните литературни јазици. 7. (дијал.) Оди, се движи (ненасочено). По ридот идеа две деца. Турска војска идела од три страни. Идат сватови по невеста. Вечер ќе идеме во кино. 8. безл. Ми (ти, му ...) ~ Од радост ми иде да запеам. Му иде чудна мисла. Му иде да заплаче. ◊ Му иде на ум ‒ размислува, се досетува. Му иде жал ‒ се разжалостува. Му иде од рака ‒ го бидува, има способност, способен е. Не му иде умот/паметот ‒ не се вразумува, не се опаметува. Иди (ми) ‒ дојди (ми) ‒ несериозен човек или несериозна работа. ‖ глаг. им. идење ср.