идеалист
Значење на идеалист:
1. (филоз.) Приврзаник на идеализмот.
2. Тој што има идеали, што мечтае за совршенство, што се стреми кон возвишени и благородни цели. Тој човек беше идеалист, поет, голем патриот.
3. Добронамерен, наивен, непрактичен човек.
Множина: идеалисти.
Изведени зборови:
- идеалистка, и. ж.
Оригинални податоци:
идеалист, мн. идеалисти м. 1. (филоз.) Приврзаник на идеализмот. 2. Тој што има идеали, што мечтае за совршенство, што се стреми кон возвишени и благородни цели. Тој човек беше идеалист, поет, голем патриот. 3. Добронамерен, наивен, непрактичен човек. ‖ идеалистка, мн. идеалистки ж.