идеализира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на идеализира:

1. Преувеличи, преувеличува, претстави, претставува некого или нешто возвишено, со идеални својства. Поетот ги идеализира ликовите.

2. Сонува, мечтае, се занесува со идеали. Во младоста секој идеализира.

Коњугација: идеализираат , идеализирајќи.

Изведени зборови:

  • идеализирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

идеализира, идеализираат; идеализирајќи св. и несв. 1. Преувеличи, преувеличува, претстави, претставува некого или нешто возвишено, со идеални својства. Поетот ги идеализира ликовите. 2. Сонува, мечтае, се занесува со идеали. Во младоста секој идеализира. ‖ глаг. им. идеализирање ср.