идеја
Значење на идеја:
1. Одраз на стварноста во нашата свест како производ на мислењето; претстава, поим за нешто.
2. Сфаќање, замисла, мисловно обликување на определена содржина. Главна идеја на романот. Смела идеја. Современа идеја.
3. Поттик, намера за некоја акција. Моја е само идејата.
Множина: идеи.
Фразеолошки израз / поговорка:
Фикс-идеја ‒ неостварлива замисла, идеја што трајно го обзема, го прогонува некого. Нема идеја ‒ не му текнува ништо во моментот.
Оригинални податоци:
идеја, мн. идеи ж. 1. Одраз на стварноста во нашата свест како производ на мислењето; претстава, поим за нешто. 2. Сфаќање, замисла, мисловно обликување на определена содржина. Главна идеја на романот. Смела идеја. Современа идеја. 3. Поттик, намера за некоја акција. Моја е само идејата. ◊ Фикс-идеја ‒ неостварлива замисла, идеја што трајно го обзема, го прогонува некого. Нема идеја ‒ не му текнува ништо во моментот.