иден

Придавка

Значење на иден:

Што ќе биде, што доаѓа; што ќе се случи во иднината. Идниот месец. Ќе дојдам на идната средба. Тоа е идниот зет. За тоа ќе зборуваат идните поколенија.

Членувана форма: идниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Идно време ‒ (грам.) глаголско време што означува дејство што ќе се изврши по некој даден момент или по моментот на зборувањето.

Оригинални податоци:

иден, идниот прид. Што ќе биде, што доаѓа; што ќе се случи во иднината. Идниот месец. Ќе дојдам на идната средба. Тоа е идниот зет. За тоа ќе зборуваат идните поколенија. ◊ Идно време ‒ (грам.) глаголско време што означува дејство што ќе се изврши по некој даден момент или по моментот на зборувањето.