идентификува

Глагол, свршен и несвршен

Значење на идентификува:

а) Утврди, утврдува идентитет, еднаквост. Беше повикан да го идентификува убиецот. б) Изедначи, изедначува некого или нешто со некого или нешто. Поимот држава тој го идентификува со поимот нација.

Коњугација: идентификуваат.

Изведени зборови:

  • идентификување, глаг. им. ср.
  • се ~ идентификува, Се изедначи, се изедначува со некого или со нешто. Таа се идентификува со мајката. Поетот се идентификува со својот идеал.

Оригинални податоци:

идентификува, идентификуваат св. и несв. а) Утврди, утврдува идентитет, еднаквост. Беше повикан да го идентификува убиецот. б) Изедначи, изедначува некого или нешто со некого или нешто. Поимот држава тој го идентификува со поимот нација. ● се ~Се изедначи, се изедначува со некого или со нешто. Таа се идентификува со мајката. Поетот се идентификува со својот идеал. ‖ глаг им. идентификување ср.