игла

Именка, женски род

Значење на игла:

1. Тенка метална прачка со остар врв на едниот крај и со мало дупче на другиот за вденување конец. Игла и конец. Танка игла. Игла за шиење. Врв од игла.

2. Сличен предмет или предмет со таков дел од различен материјал (метален, дрвен, пластичен) и со различна намена. Игла за плетење. Грамофонска игла. Игла за коса. Игла за шприц. Игла за вратоврска. Украсна игла.

3. (само мн.) Тенки издолжени листови со многу остри врвови (најчесто од зимзелено дрво). Иглите на борот.

4. (обично во мн.) Боцки на телото на некои животни. Ежот има боцки во вид на игли.

5. (прен.) Остра болка, чувство на боцкање. Игли ме бодеа по телото.

Множина: игли.

Изведени зборови:

  • игле, и. ж. мн. иглиња, игличе, мн. игличиња ср., игличка, мн. иглички дем.
  • иглиште, и. ср. аугм.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема место игла да падне/нема каде игла да фрлиш ‒ претесно е. Седи како на игли ‒ нестрплив е. Од игла до конец ‒ сè.

Оригинални податоци:

игла, мн. игли ж. 1. Тенка метална прачка со остар врв на едниот крај и со мало дупче на другиот за вденување конец. Игла и конец. Танка игла. Игла за шиење. Врв од игла. 2. Сличен предмет или предмет со таков дел од различен материјал (метален, дрвен, пластичен) и со различна намена. Игла за плетење. Грамофонска игла. Игла за коса. Игла за шприц. Игла за вратоврска. Украсна игла. 3. (само мн.) Тенки издолжени листови со многу остри врвови (најчесто од зимзелено дрво). Иглите на борот. 4. (обично во мн.) Боцки на телото на некои животни. Ежот има боцки во вид на игли. 5. (прен.) Остра болка, чувство на боцкање. Игли ме бодеа по телото. ◊ Нема место игла да падне/нема каде игла да фрлиш ‒ претесно е. Седи како на игли ‒ нестрплив е. Од игла до конец ‒ сè. ‖ игле, мн. иглиња, игличе, мн. игличиња ср., игличка, мн. иглички ж. дем. ‖ иглиште, мн. иглишта ср. аугм.