игличка
Значење на игличка:
1. Дем. од игла. Со игличка вади трнче од прстот.
2. (бот.) Лист кај иглолисните растенија. Иглички од бор.
3. (обично во мн.) Водени честички, налепени околу некаков предмет, во смрзната состојба. Иглички од иње.
4. (прен.) Тоа што предизвикува чувство на боцкање. Студот боцка со танки иглички по образите.
5. (дијал., бот.) јаглика.
Множина: иглички.
Оригинални податоци:
игличка, мн. иглички ж. 1. Дем. од игла. Со игличка вади трнче од прстот. 2. (бот.) Лист кај иглолисните растенија. Иглички од бор. 3. (обично во мн.) Водени честички, налепени околу некаков предмет, во смрзната состојба. Иглички од иње. 4. (прен.) Тоа што предизвикува чувство на боцкање. Студот боцка со танки иглички по образите. 5. (дијал., бот.) в. јаглика.