игнорира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на игнорира:

Свесно не обрне, не обрнува внимание, пренебрегне, пренебрегнува некого или нешто, презре, презира. Младата девојка го игнорираше присуството на пријателот. Тој ги игнорира компетенциите на судот.

Коњугација: игнорираат , игнорирајќи.

Изведени зборови:

  • игнорирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

игнорира, игнорираат; игнорирајќи св. и несв. Свесно не обрне, не обрнува внимание, пренебрегне, пренебрегнува некого или нешто, презре, презира. Младата девојка го игнорираше присуството на пријателот. Тој ги игнорира компетенциите на судот. ‖ глаг. им. игнорирање ср.