игра

Глагол, несвршен

Значење на игра:

1. Се занимава, се забавува на некако начин, со нешто, со некаква игра. Децата играа криенка. Малиот играше со татка си. Навечер игравме карти. Соседите често играа шах.

2. Се занимава со одредена спортска дисциплина; учествува во спортски натпревар, има одредена улога во однос на другите натпреварувачи. Тој игра кошарка во најдобриот клуб. На игралиштето момчињата играа мал фудбал. Фудбалерот играше десен бек.

3. Учествува во изведба на оро, танц и сл. Игра таа и како змија се свива. Момчињата го играа машкото оро. Едни свадбари играа, други пееја.

4. Настапува како актер, толкува ролја, глуми. Во филмот тој играше главна улога.

5. (само во 3. л.) Се прикажува во кино. Што игра денеска? Тој филм ќе игра утре.

6. (прен.) Привидно поигрува, мрда, трепери. Белите снегулки играа во воздухот. Ѕвездите играат по небото. Срцево ми игра, снагава ми трепери од радост. Брановите му играат пред очи.

Коњугација: играат.

Изведени зборови:

  • играње, глаг. им. ср. играње Сала за играње.
  • се ~ игра, Сака да игра. Ми се игра. Ако не ти се игра тебе, на детето му се игра.

Оригинални податоци:

игра, играат несв. 1. Се занимава, се забавува на некако начин, со нешто, со некаква игра. Децата играа криенка. Малиот играше со татка си. Навечер игравме карти. Соседите често играа шах. 2. Се занимава со одредена спортска дисциплина; учествува во спортски натпревар, има одредена улога во однос на другите натпреварувачи. Тој игра кошарка во најдобриот клуб. На игралиштето момчињата играа мал фудбал. Фудбалерот играше десен бек. 3. Учествува во изведба на оро, танц и сл. Игра таа и како змија се свива. Момчињата го играа машкото оро. Едни свадбари играа, други пееја. 4. Настапува како актер, толкува ролја, глуми. Во филмот тој играше главна улога. 5. (само во 3. л.) Се прикажува во кино. Што игра денеска? Тој филм ќе игра утре. 6. (прен.) Привидно поигрува, мрда, трепери. Белите снегулки играа во воздухот. Ѕвездите играат по небото. Срцево ми игра, снагава ми трепери од радост. Брановите му играат пред очи. ● Ми (ти, му ...) се ~ Сака да игра. Ми се игра. Ако не ти се игра тебе, на детето му се игра. ● си ~ Се забавува со играње, сам или со некого. Децата си играат со песокта. Сестричката си играше со братчето. Старецот си играше со бројаниците. Ветрот си играше со паднатите лисја. ◊ Игра важна улога ‒ е од големо значење. Игра на туѓа свирка/како што му свират други ‒ работи, постапува по туѓа волја, според желбата на други. Игра мајтап со некого ‒ се мајтапи, се подигрува, се подбива со некого. Ќе каже и оро ќе игра ‒ ќе каже под принуда, под присила. Си игра со пари ‒ многу е богат. На свадба да ти играм(е) ‒ благослов. ‖ глаг. им. играње ср. Сала за играње.