игра
Значење на игра:
1. Активност заради забава и разонода. Детска игра ‒ криенка. Тоа беше смешна игра ‒ борење со рамена. Децата се забораваат во игри. Тоа не беше никаква игра туку тепање.
2. а) Активност заснована на одредени правила или по некој систем. Спортска игра. Шаховска игра. Игри со карти. б) Еден завршен дел од таква активност; партија. Во третата игра, тој беше победник. Наредната игра ја доби домаќинот. Ја одигра својата игра велемајсторски.
3. Систем од движења што се изведуваат по одредени правила и во одреден ритам; танц, оро. Момчето ја покани непознатата девојка на игра. Двајцата уживаа во играта. Луѓето празнуваа со игри и песни. Традиционални игри.
4. Настап на сцена, изведба на театарска или друг вид улога. Актерска игра. Балетски игри на девојките.
5. (само мн.) Спортски натпревари или низа културни приредби што се одржуваат повремено, на определено време. Олимписки игри. Театарски игри.
6. (прен.) Брзо придвижување на нешто, треперење. Игра на облаците со сонцето. Игра на сенките од врбите. Снежна игра.
7. (прен.) Тактика, замисла, план за остварување на некаква цел со затскриени намери. Политичка игра. Проѕирна игра. Подмолна игра.
Множина: игри.
Фразеолошки израз / поговорка:
Валкана/нечиста игра ‒ нечесна работа. Игра на мачка и глувче (глушец) ‒ натпревар на нерамноправни противници, неинтересна борба. Игра на зборови ‒ вид стилска фигура, шеговит зборовен израз со ист или сличен гласовен состав што може да се разбере двосмислено. Игра на среќа ‒ учество во нешто што нуди можност за некаков успех (најчесто паричен износ), врз основа на веројатност, на среќа. Игра на случајот/игра на судбината ‒ непредвидлива случајност, неочекуван настан во животот. Игра опасна игра ‒ се занимава со работа што е поврзана со опасни последици. Ја открива играта ‒ ги открива намерите.
Оригинални податоци:
игра, мн. игри ж. 1. Активност заради забава и разонода. Детска игра ‒ криенка. Тоа беше смешна игра ‒ борење со рамена. Децата се забораваат во игри. Тоа не беше никаква игра туку тепање. 2. а) Активност заснована на одредени правила или по некој систем. Спортска игра. Шаховска игра. Игри со карти. б) Еден завршен дел од таква активност; партија. Во третата игра, тој беше победник. Наредната игра ја доби домаќинот. Ја одигра својата игра велемајсторски. 3. Систем од движења што се изведуваат по одредени правила и во одреден ритам; танц, оро. Момчето ја покани непознатата девојка на игра. Двајцата уживаа во играта. Луѓето празнуваа со игри и песни. Традиционални игри. 4. Настап на сцена, изведба на театарска или друг вид улога. Актерска игра. Балетски игри на девојките. 5. (само мн.) Спортски натпревари или низа културни приредби што се одржуваат повремено, на определено време. Олимписки игри. Театарски игри. 6. (прен.) Брзо придвижување на нешто, треперење. Игра на облаците со сонцето. Игра на сенките од врбите. Снежна игра. 7. (прен.) Тактика, замисла, план за остварување на некаква цел со затскриени намери. Политичка игра. Проѕирна игра. Подмолна игра. ◊ Валкана/нечиста игра ‒ нечесна работа. Игра на мачка и глувче (глушец) ‒ натпревар на нерамноправни противници, неинтересна борба. Игра на зборови ‒ вид стилска фигура, шеговит зборовен израз со ист или сличен гласовен состав што може да се разбере двосмислено. Игра на среќа ‒ учество во нешто што нуди можност за некаков успех (најчесто паричен износ), врз основа на веројатност, на среќа. Игра на случајот/игра на судбината ‒ непредвидлива случајност, неочекуван настан во животот. Игра опасна игра ‒ се занимава со работа што е поврзана со опасни последици. Ја открива играта ‒ ги открива намерите.