играчка

Именка, женски род

Значење на играчка:

1. Предмет што им служи на децата за играње, за забава. Детска играчка. Играчка од шарени парталчиња. Торба полна играчки.

2. Работа што лесно може да се изврши, што не претставува тешкотија. Тоа за него беше играчка.

3. (само мн.) Дребнулии. Во манастирскиот двор се продаваа шеќерчиња, симитчиња, евтини ѓерданчиња и разни играчки.

Множина: играчки.

Фразеолошки израз / поговорка:

Играчка е во рацете на некого ‒ постапува по туѓа волја, станува средство за остварување на нечија цел. Од играчка плачка ‒ од шега се доаѓа до тепачка. Не е играчка ‒ сериозна работа е, не е шега.

Оригинални податоци:

играчка, мн. играчки ж. 1. Предмет што им служи на децата за играње, за забава. Детска играчка. Играчка од шарени парталчиња. Торба полна играчки. 2. Работа што лесно може да се изврши, што не претставува тешкотија. Тоа за него беше играчка. 3. (само мн.) Дребнулии. Во манастирскиот двор се продаваа шеќерчиња, симитчиња, евтини ѓерданчиња и разни играчки. ◊ Играчка е во рацете на некого ‒ постапува по туѓа волја, станува средство за остварување на нечија цел. Од играчка плачка ‒ од шега се доаѓа до тепачка. Не е играчка ‒ сериозна работа е, не е шега.