икона

Именка, женски род

Значење на икона:

1. Слика на Христос, Богородица, на светец или слика со религиозно сиже, изработена (обично на штица) според правилата и обичаите на православната црква.

2. Во компјутерската технологија ‒ сликовито претставување на некоја програма на екранот од компјутерот.

3. Во светот на естрадата и модната индустрија ‒ лик што се доживува како виоко достигнување. Модна икона на годината.

Множина: икони.

Изведени зборови:

  • иконичка, и. ж. мн. иконички ; иконка мн. иконки ; иконче, мн. икончиња ср. дем. и хип.

Оригинални податоци:

икона, мн. икони ж. 1. Слика на Христос, Богородица, на светец или слика со религиозно сиже, изработена (обично на штица) според правилата и обичаите на православната црква. 2. Во компјутерската технологија ‒ сликовито претставување на некоја програма на екранот од компјутерот. 3. Во светот на естрадата и модната индустрија ‒ лик што се доживува како виоко достигнување. Модна икона на годината. ‖ иконичка, мн. иконички ж.; иконка мн. иконки ж.; иконче, мн. икончиња ср. дем. и хип.