иконографија
Само во еднина.
Значење на иконографија:
1. Научна дисциплина што ги проучува, толкува и ги опишува уметничките дела од областа на сликарството и вајарството според нивните типични атрибути, симболи и други ознаки.
2. Севкупност на такви описи.
3. Севкупност од препознатливи надворешни ознаки. Партиска иконографија.
Изведени зборови:
- иконографски, прид. иконографскиот Што се однесува на иконограф и на иконографија.
Оригинални податоци:
иконографија (само едн.) ж. 1. Научна дисциплина што ги проучува, толкува и ги опишува уметничките дела од областа на сликарството и вајарството според нивните типични атрибути, симболи и други ознаки. 2. Севкупност на такви описи. 3. Севкупност од препознатливи надворешни ознаки. Партиска иконографија. ‖ иконографски, иконографскиот прид. Што се однесува на иконограф и на иконографија.