иконом
Разговорен збор, израз, Архаизам.
Значење на иконом:
1. Лице што раководи со нечиј имот или стопанство (приватно, манастирско, воено итн.); економ.
2. Човек што работи во служба за снабдување во некоја установа или претпријатие.
3. Човек што се грижи пред сè за финансиите, штедлив, па дури и скржав. Од него тешко ќе добиеш нешто, тој е голем иконом!
Множина: икономи.
Изведени зборови:
- икономка, и. ж.
Оригинални податоци:
иконом, мн. икономи м. (арх., разг.) 1. Лице што раководи со нечиј имот или стопанство (приватно, манастирско, воено итн.); економ. 2. Човек што работи во служба за снабдување во некоја установа или претпријатие. 3. Човек што се грижи пред сè за финансиите, штедлив, па дури и скржав. Од него тешко ќе добиеш нешто, тој е голем иконом! ‖ икономка, мн. икономки ж.