или
Значење на или:
1. За поврзување зборови или зборовни состави при што едната можност ја исклучува другата. Смрт или слобода. Ние или тие. Тој пие вино или ракија. Дај ми вода или сок. Нашата држава ја чека правна криза или транзиција.
2. За поврзување реченици меѓу кои се развива разделен однос, притоа преку него се воведува алтернатива или поинаква можност. Тој ќе седи со часови замислен или ќе оди да ја види. Не можеше да дојде или не сакаше да пее, тоа никој не го знае.
3. За појаснување или за воведување соодветник при именувањето на лице, на предмет или на дејство. Подметот или субјектот во реченицата може да биде испуштен. Базата или основата е добра. Скопје или градот на солидарноста. Адаптирањето или преуредувањето нè чинеше скапо.
4. Со лексички конкретизатори. а) За нагласување и за објаснување поинаква можност, заедно со: пак, можеби, барем и сл. Тоа е најдоброто од нас или можеби грешам. Таа може да поседи или барем да остане уште малку. Апелирам или пак повикувам на вашата свест. б) За засилување на појаснувањето и на воведувањето на истозначната алтернатива, заедно со: поточно, подобро и сл. Станува збор за музичко пиратство или поточно кражба на интелектуалната сопственост. Трансакциите или подобро речено преодите од една во друга банка се извршуваат за еден ден.
5. или...или било‒било; ја...ја. За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен сврзник, како алтернатива. Сега мора да реши или јас или тој, тука е крајот. Или ќе вреска од болка или ќе стега заби.
Оригинални податоци:
или сврз. 1. За поврзување зборови или зборовни состави при што едната можност ја исклучува другата. Смрт или слобода. Ние или тие. Тој пие вино или ракија. Дај ми вода или сок. Нашата држава ја чека правна криза или транзиција. 2. За поврзување реченици меѓу кои се развива разделен однос, притоа преку него се воведува алтернатива или поинаква можност. Тој ќе седи со часови замислен или ќе оди да ја види. Не можеше да дојде или не сакаше да пее, тоа никој не го знае. 3. За појаснување или за воведување соодветник при именувањето на лице, на предмет или на дејство. Подметот или субјектот во реченицата може да биде испуштен. Базата или основата е добра. Скопје или градот на солидарноста. Адаптирањето или преуредувањето нè чинеше скапо. 4. Со лексички конкретизатори. а) За нагласување и за објаснување поинаква можност, заедно со: пак, можеби, барем и сл. Тоа е најдоброто од нас или можеби грешам. Таа може да поседи или барем да остане уште малку. Апелирам или пак повикувам на вашата свест. б) За засилување на појаснувањето и на воведувањето на истозначната алтернатива, заедно со: поточно, подобро и сл. Станува збор за музичко пиратство или поточно кражба на интелектуалната сопственост. Трансакциите или подобро речено преодите од една во друга банка се извршуваат за еден ден. 5. или...или сп. било‒било; ја...ја. За поврзување зборови или реченици приредени меѓу себе; повторен разделен сврзник, како алтернатива. Сега мора да реши или јас или тој, тука е крајот. Или ќе вреска од болка или ќе стега заби.