илузорен

Придавка

Значење на илузорен:

Што постои само во фантазијата, нереален; осуден на неуспех, неостварлив. Се надеваме на средба, иако е тоа сосем илузорна надеж.

Членувана форма: илузорниот.

Изведени зборови:

  • илузорно, прил. Денес е илузорно да се смета дека со еден пропис може да се решат сите проблеми од таа област.
  • илузорност, и. ж.

Оригинални податоци:

илузорен, илузорниот прид. Што постои само во фантазијата, нереален; осуден на неуспех, неостварлив. Се надеваме на средба, иако е тоа сосем илузорна надеж. ‖ илузорно прил. Денес е илузорно да се смета дека со еден пропис може да се решат сите проблеми од таа област. ‖ илузорност ж.