има
Значење на има:
1. а) Поседува нешто во материјална смисла, е сопственик на нешто. Имаме голема куќа. Тој има многу пари. б) (разг.) Е имашлив, богат. Тој што има не знае што е сиромаштија.
2. а) Поседува нешто како дел од себе или носи на себе, со себе. Има нозе. Има крила. Има очила. Има обетки. Има шамиче. Има рачка. Палтото има џебови. Станот има три соби. Куќата има големи прозорци. б) Располага со нешто, е во некакви околности. Има работа. Има власт. Има услови за работа. Има обврски. Има посета. Има гости. в) Се одликува со нешто, со некоја особина. Има смелост. Има волја. Има авторитет. Има среќа. Има дарба. Има страв. г) Е во некаква состојба. Има главоболка. Има грип. Има температура. Има грижи.
3. а) Е во роднинска врска. Има брат. Има снаа. Има семејство. б) Е во близок однос или во некаква врска со некого или со нешто. Има пријатели. Имам добар учител. Има куќна помошничка. Имаме ново училиште. Имам трамвај во близината.
4. Редовно или повремено добива, прима нешто. Има плата. Има пензија. Има хонорар. Има добри примања. Има пошта секоја недела.
5. Е изразен во определена мера. Има пет литри. Има седум метри. Има девет години.
6. а) Во состав со предлогот за и глаголска именка. Имам за учење. Што имате за домашна работа? Имаме уште многу за копање. б) безл. Е на располагање, суштествува. Има време. Има ли нешто? Има многу народ. Имало правда. Има бог. Има спас. Во тоа има нешто. в) Во одделни изрази со да-конструкција означува постоење или можност за извршување на дејството. Има што да работи. Има кого да праша. Има каде да купи. Има со кого да се врати.
7. За изразување строга заповед или цврста решеност. Има да одиш и да нејќеш. Има да го купам, па и сите пари да ги дадам.
8. Како помошен глагол во сложени форми од типот: има купено, имаме купено, имал купено итн. ги означува временските и начинските категории на дејството означено со глаголската придавка. Таа книга и јас ја имам купено. Имам дојдено многупати кај нив на гости.
9. преод. Сака некого, почитува, го чувствува близок. Го има како татко.
Коњугација: имаат.
Изведени зборови:
- имање, глаг. им. ср.
- се ~ има, Кон зн. 9. Се сакаат, се почитуваат. Се имаме како сестри.
Фразеолошки израз / поговорка:
(Ќе) има да зема (ирон.) ‒ нема да добие ништо. Има три чисти ‒ смее да стори нешто. Има црно на бело ‒ има писмени докази за нешто. Што има, што нема ‒ што има ново, што се случува.
Оригинални податоци:
има, имаат несв. 1. а) Поседува нешто во материјална смисла, е сопственик на нешто. Имаме голема куќа. Тој има многу пари. б) (разг.) Е имашлив, богат. Тој што има не знае што е сиромаштија. 2. а) Поседува нешто како дел од себе или носи на себе, со себе. Има нозе. Има крила. Има очила. Има обетки. Има шамиче. Има рачка. Палтото има џебови. Станот има три соби. Куќата има големи прозорци. б) Располага со нешто, е во некакви околности. Има работа. Има власт. Има услови за работа. Има обврски. Има посета. Има гости. в) Се одликува со нешто, со некоја особина. Има смелост. Има волја. Има авторитет. Има среќа. Има дарба. Има страв. г) Е во некаква состојба. Има главоболка. Има грип. Има температура. Има грижи. 3. а) Е во роднинска врска. Има брат. Има снаа. Има семејство. б) Е во близок однос или во некаква врска со некого или со нешто. Има пријатели. Имам добар учител. Има куќна помошничка. Имаме ново училиште. Имам трамвај во близината. 4. Редовно или повремено добива, прима нешто. Има плата. Има пензија. Има хонорар. Има добри примања. Има пошта секоја недела. 5. Е изразен во определена мера. Има пет литри. Има седум метри. Има девет години. 6. а) Во состав со предлогот за и глаголска именка. Имам за учење. Што имате за домашна работа? Имаме уште многу за копање. б) безл. Е на располагање, суштествува. Има време. Има ли нешто? Има многу народ. Имало правда. Има бог. Има спас. Во тоа има нешто. в) Во одделни изрази со да-конструкција означува постоење или можност за извршување на дејството. Има што да работи. Има кого да праша. Има каде да купи. Има со кого да се врати. 7. За изразување строга заповед или цврста решеност. Има да одиш и да нејќеш. Има да го купам, па и сите пари да ги дадам. 8. Како помошен глагол во сложени форми од типот: има купено, имаме купено, имал купено итн. ги означува временските и начинските категории на дејството означено со глаголската придавка. Таа книга и јас ја имам купено. Имам дојдено многупати кај нив на гости. 9. преод. Сака некого, почитува, го чувствува близок. Го има како татко. ● се ~ Кон зн. 9. Се сакаат, се почитуваат. Се имаме како сестри. ◊ (Ќе) има да зема (ирон.) ‒ нема да добие ништо. Има три чисти ‒ смее да стори нешто. Има црно на бело ‒ има писмени докази за нешто. Што има, што нема ‒ што има ново, што се случува. ‖ глаг. им. имање ср.