име
Значење на име:
1. Личен назив што му се дава на човекот веднаш по неговото раѓање; името заедно со презимето.
2. Измислено, невистинско име на писател, публицист, револуционер и др.; псевдоним.
3. Дополнително име, назив што му се дава на човекот; прекар. Никој од децата не го викаше на неговото вистинско име, туку само: Бечварче. Ова име му го дадоа по долгите волнени бечви што ги носеше.
4. Посебно име на животни, растенија, на разни објекти, наслови на книги, слики и сл.
5. Назив, име воопшто. Во тоа име ја пијам оваа чаша. Љубовта е име што го носам во себе.
6. (прен.) Глас (добар или лош), лична или фамилијарна репутација, углед, слава. Ја бие лош глас и веќе ѝ извадија име. Се надеваше дека ќе му го продолжи со мака стекнатото име, и се разбира, славата.
7. (прен.) Прочуена, позната личност. Стана големо име во поезијата на својот народ.
8. (разг.) Именден. Вечер ќе одиме на име кај Никола. Името му е на Крстовден.
9. имењак.
Множина: имиња.
Изведени зборови:
- именце, и. ср. дем и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му вади име ‒ создава лошо мислење за некого. На мртво име ‒ прави нешто, обично тепа, со многу силен интензитет. Да му се запусти името ‒ клетва.
Оригинални податоци:
име, мн. имиња ср. 1. Личен назив што му се дава на човекот веднаш по неговото раѓање; името заедно со презимето. 2. Измислено, невистинско име на писател, публицист, револуционер и др.; псевдоним. 3. Дополнително име, назив што му се дава на човекот; прекар. Никој од децата не го викаше на неговото вистинско име, туку само: Бечварче. Ова име му го дадоа по долгите волнени бечви што ги носеше. 4. Посебно име на животни, растенија, на разни објекти, наслови на книги, слики и сл. 5. Назив, име воопшто. Во тоа име ја пијам оваа чаша. Љубовта е име што го носам во себе. 6. (прен.) Глас (добар или лош), лична или фамилијарна репутација, углед, слава. Ја бие лош глас и веќе ѝ извадија име. Се надеваше дека ќе му го продолжи со мака стекнатото име, и се разбира, славата. 7. (прен.) Прочуена, позната личност. Стана големо име во поезијата на својот народ. 8. (разг.) Именден. Вечер ќе одиме на име кај Никола. Името му е на Крстовден. 9. сп. имењак. ◊ Му вади име ‒ создава лошо мислење за некого. На мртво име ‒ прави нешто, обично тепа, со многу силен интензитет. Да му се запусти името ‒ клетва. ‖ именце, мн. именца ср. дем и хип.