именува

Глагол, свршен и несвршен

Значење на именува:

1. Даде, дава име, назив, нарече; окарактеризира означувајќи со име (збор). Тој стар поп селаните го именуваа ,,праведник“. Капетанот Илија ја именува таа акција како провокација.

2. Спомене по име. Некои учесници во дискусијата ги именуваа виновниците за лошата состојба во колективот.

3. Постави, поставува на должност, функција, произведе, произведува во чин, звање и сл. Со колониите управуваше гувернер кого го именуваше англиската кралица.

Коњугација: именуваат.

Изведени зборови:

  • именување, глаг. им. ср.
  • се ~ именува, 1. Се претставува себеси, го кажува своето име. Не сакав ни себеси да се именувам. Мислиш дека ми прилега името, Јасен Виорски? 2. Се именуваат меѓу себе. Тие се именуваа меѓу себе со разни шеговити имиња.

Оригинални податоци:

именува, именуваат св. и несв. 1. Даде, дава име, назив, нарече; окарактеризира означувајќи со име (збор). Тој стар поп селаните го именуваа ,,праведник“. Капетанот Илија ја именува таа акција како провокација. 2. Спомене по име. Некои учесници во дискусијата ги именуваа виновниците за лошата состојба во колективот. 3. Постави, поставува на должност, функција, произведе, произведува во чин, звање и сл. Со колониите управуваше гувернер кого го именуваше англиската кралица. ● се ~ 1. Се претставува себеси, го кажува своето име. Не сакав ни себеси да се именувам. Мислиш дека ми прилега името, Јасен Виорски? 2. Се именуваат меѓу себе. Тие се именуваа меѓу себе со разни шеговити имиња. ‖ глаг. им. именување ср.