имитира
Значење на имитира:
1. Подражава, прави нешто според даден пример, по образец на некој друг. Тој вешто ги имитира чудесните потези на Пикасо.
2. Подражава гласови, движења, манири на други луѓе, птици, животни и др. Тој во сè, секојдневно, го имитира својот професор. Ги имитираше сите животни, а особено мачките и петлите, та со нивните гласови правеше секаде разни шеги.
Коњугација: имитираат , имитирајќи.
Изведени зборови:
- имитирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
имитира, имитираат; имитирајќи несв. 1. Подражава, прави нешто според даден пример, по образец на некој друг. Тој вешто ги имитира чудесните потези на Пикасо. 2. Подражава гласови, движења, манири на други луѓе, птици, животни и др. Тој во сè, секојдневно, го имитира својот професор. Ги имитираше сите животни, а особено мачките и петлите, та со нивните гласови правеше секаде разни шеги. ‖ глаг. им. имитирање ср.