инает

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на инает:

Упорно и намерно противставување на нечија волја; твдоглавост. Тера инает.

Фразеолошки израз / поговорка:

За инает ока сол (една вреќа сол) изедува ‒ многу инаетлив човек. Магарешки инает ‒ многу голем инает. Инаетот глава кине ‒ ќе загине, ама не се откажува од инаетот.

Оригинални податоци:

инает м. (разг.) Упорно и намерно противставување на нечија волја; твдоглавост. Тера инает. ◊ За инает ока сол (една вреќа сол) изедува ‒ многу инаетлив човек. Магарешки инает ‒ многу голем инает. Инаетот глава кине ‒ ќе загине, ама не се откажува од инаетот.