инаети се

Глагол, несвршен

Значење на инаети се:

Прави, тера инает, се однесува тврдоглаво. Детето се инаетеше и не сакаше да јаде.

Коњугација: се инаетат.

Изведени зборови:

  • инаетење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се инаети како магаре на мост ‒ тера голем инает.

Оригинални податоци:

инаети се, се инаетат несв. Прави, тера инает, се однесува тврдоглаво. Детето се инаетеше и не сакаше да јаде. ◊ Се инаети како магаре на мост ‒ тера голем инает. ‖ глаг. им. инаетење ср.