индикатор

Именка, машки род

Значење на индикатор:

1. Показател. Расположението на граѓаните е основен индикатор на ситуацијата во земјава.

2. (техн.) Апарат, инструмент што покажува или регистрира промена на состојбата во некоја појава.

3. (хем.) Супстанција којашто ставена во раствор ја менува бојата во зависност од хемиската реакција што се одвива во моментот.

4. (мед.) Радиоактивни материи што служат за следење на промените на материите во човечкиот организам.

5. (физ.) Материјали кои под дејство на некое нуклеарно зрачење стануваат радиоактивни.

Множина: индикатори.

Оригинални податоци:

индикатор, мн. индикатори м. 1. Показател. Расположението на граѓаните е основен индикатор на ситуацијата во земјава. 2. (техн.) Апарат, инструмент што покажува или регистрира промена на состојбата во некоја појава. 3. (хем.) Супстанција којашто ставена во раствор ја менува бојата во зависност од хемиската реакција што се одвива во моментот. 4. (мед.) Радиоактивни материи што служат за следење на промените на материите во човечкиот организам. 5. (физ.) Материјали кои под дејство на некое нуклеарно зрачење стануваат радиоактивни.