инерција
Само во еднина.
Значење на инерција:
1. (физ.) Својство на телото да ја задржи својата состојба на мирување или на рамномерно праволиниско движење.
2. (прен.) Тромавост, неподвижност, мрзливост, нееластичност.
Фразеолошки израз / поговорка:
По инерција ‒ по навика, несвесно, механички.
Оригинални податоци:
инерција (само едн.) ж. 1. (физ.) Својство на телото да ја задржи својата состојба на мирување или на рамномерно праволиниско движење. 2. (прен.) Тромавост, неподвижност, мрзливост, нееластичност. ◊ По инерција ‒ по навика, несвесно, механички.