информативен

Придавка

Значење на информативен:

Што дава информации, што известува за нешто. Информативен центар. Информативна програма. Статијата имаше информативен карактер.

Членувана форма: информативниот.

Изведени зборови:

  • информативно, прил. Информативно ги спомна и другите дела на овој автор.
  • информативност, и. ж.

Оригинални податоци:

информативен, информативниот прид. Што дава информации, што известува за нешто. Информативен центар. Информативна програма. Статијата имаше информативен карактер. ‖ информативно прил. Информативно ги спомна и другите дела на овој автор. ‖ информативност ж.