инхибиција

Именка, женски род

Значење на инхибиција:

1. Сопирање, недопуштање, попречување.

2. Во физиологијата ‒ спречување на некое органско дејство или функција со волјата или со неволно физиолошко дејство.

3. Во психологијата ‒ спречување на некој сетилен поттик или на друга душевна состојба потсвесно или со помош на волјата.

4. (прав.) Забрана од виш суд за прекин на постапката во понискиот суд.

Множина: инхибиции.

Оригинални податоци:

инхибиција, мн. инхибиции ж. 1. Сопирање, недопуштање, попречување. 2. Во физиологијата ‒ спречување на некое органско дејство или функција со волјата или со неволно физиолошко дејство. 3. Во психологијата ‒ спречување на некој сетилен поттик или на друга душевна состојба потсвесно или со помош на волјата. 4. (прав.) Забрана од виш суд за прекин на постапката во понискиот суд.