инка

Именка, женски род

Значење на инка:

1. Направа во вид на конус, на врвот продолжен со цевка што служи за претурање течност во сад со тесен отвор.

2. (разг.) Тоа што личи на таа направа (звучник, кратер, дупка во земјата и итн.)

Множина: инки.

Изведени зборови:

  • инче, и. ж. мн. инчиња ср.; инкичка, мн. инкички дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ум со инка не се тура ‒ залудно се обидуваш да го вразумиш, да го опаметиш.

Оригинални податоци:

инка, мн. инки ж. 1. Направа во вид на конус, на врвот продолжен со цевка што служи за претурање течност во сад со тесен отвор. 2. (разг.) Тоа што личи на таа направа (звучник, кратер, дупка во земјата и итн.) ◊ Ум со инка не се тура ‒ залудно се обидуваш да го вразумиш, да го опаметиш. ‖ инче, мн. инчиња ср.; инкичка, мн. инкички ж. дем.