инокосен

Придавка

Значење на инокосен:

1. Што нема доволно работна сила во домаќинството; сам, осамен. Во инокосните семејства имало случаи при породувањето да помага и мажот.

2. Што не е член на задругата или колективот, што е самостоен. Алексо праша како си дозволиле да закажуваат седница без да го повикаат него, инокосниот.

Членувана форма: инокосниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Инокосен орган ‒ самостоен орган, директор на претпријатие.

Оригинални податоци:

инокосен, инокосниот прид. 1. Што нема доволно работна сила во домаќинството; сам, осамен. Во инокосните семејства имало случаи при породувањето да помага и мажот. 2. Што не е член на задругата или колективот, што е самостоен. Алексо праша како си дозволиле да закажуваат седница без да го повикаат него, инокосниот. ◊ Инокосен орган ‒ самостоен орган, директор на претпријатие.