инсценира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на инсценира:

1. Направи инсценација за театарска претстава, преработи, преработува литературно дело за изведба на сцена.

2. (прен.) а) Изведе, изведува определени привидни дејства за да доведе некого во заблуда. Стојан инсценира давење за да го намами Игор кон длабоките води. б) Прикаже, прикажува веќе случен настан за да се открие вистината. Инсценира караница.

Коњугација: инсценираат , инсценирајќи.

Изведени зборови:

  • инсценирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

инсценира, инсценираат; инсценирајќи св. и несв. 1. Направи инсценација за театарска претстава, преработи, преработува литературно дело за изведба на сцена. 2. (прен.) а) Изведе, изведува определени привидни дејства за да доведе некого во заблуда. Стојан инсценира давење за да го намами Игор кон длабоките води. б) Прикаже, прикажува веќе случен настан за да се открие вистината. Инсценира караница. ‖ глаг. им. инсценирање ср.