инсистира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на инсистира:

Настои, настојува на нешто, упорно истакнува нешто. Вујко ми многу инсистираше да останам уште еден ден. Во наставата, треба постојано да се инсистира на правилната употреба на личните заменки.

Коњугација: инсистираат , инсистирајќи.

Изведени зборови:

  • инсистирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

инсистира, инсистираат; инсистирајќи св. и несв. Настои, настојува на нешто, упорно истакнува нешто. Вујко ми многу инсистираше да останам уште еден ден. Во наставата, треба постојано да се инсистира на правилната употреба на личните заменки. ‖ глаг. им. инсистирање ср.