инспекција

Именка, женски род

Значење на инспекција:

1. Прегледување, преглед; проверка. Утре, во девет часот ќе извршам инспекција.

2. Надгледување, вршење надзор; контролирање.

3. Службен орган што врши контрола, што надгледува. Градежна инспекција. Пазарна инспекција. Санитарна инспекција.

Множина: инспекции.

Изведени зборови:

  • инспекциски, прид. инспекцискиот Инспекциска служба.

Оригинални податоци:

инспекција, мн. инспекции ж. 1. Прегледување, преглед; проверка. Утре, во девет часот ќе извршам инспекција. 2. Надгледување, вршење надзор; контролирање. 3. Службен орган што врши контрола, што надгледува. Градежна инспекција. Пазарна инспекција. Санитарна инспекција. ‖ инспекциски, инспекцискиот прид. Инспекциска служба.