инстинкт

Именка, машки род

Значење на инстинкт:

1. Природна побуда својствена за единката како припадник на определен животински вид да се води од барањата на организмот за обезбедување на физиолошкото одржување, за одбраната на интегритетот и за продолжување на видот; нагон. Инстинкт за опстанок. Инстинкт на загрозеност. Родителски инстинкт.

2. Вродена способност на човекот за несвесна реакција; внатрешно чувство, интуиција. Инстинктот ѝ велеше да го напушти тоа место. Инстинктот не го излага.

Множина: инстинкти.

Оригинални податоци:

инстинкт, мн. инстинкти м. 1. Природна побуда својствена за единката како припадник на определен животински вид да се води од барањата на организмот за обезбедување на физиолошкото одржување, за одбраната на интегритетот и за продолжување на видот; нагон. Инстинкт за опстанок. Инстинкт на загрозеност. Родителски инстинкт. 2. Вродена способност на човекот за несвесна реакција; внатрешно чувство, интуиција. Инстинктот ѝ велеше да го напушти тоа место. Инстинктот не го излага.