инструмент

Именка, машки род

Значење на инструмент:

1. Направа, орудие, алат. Операцијата беше успешно извршена со најпрецизни хируршки инструменти.

2. Предмет или механизам со кој се произведуваат музички тонови. Дувачки инструмент. Жичен инструмент.

3. Документ или пропис што има правно дејство.

4. (прен.) Средство за постигнување некаква цел. Ја користеше песната како инструмент за надминување на тагата.

Множина: инструменти.

Оригинални податоци:

инструмент, мн. инструменти м. 1. Направа, орудие, алат. Операцијата беше успешно извршена со најпрецизни хируршки инструменти. 2. Предмет или механизам со кој се произведуваат музички тонови. Дувачки инструмент. Жичен инструмент. 3. Документ или пропис што има правно дејство. 4. (прен.) Средство за постигнување некаква цел. Ја користеше песната како инструмент за надминување на тагата.