инсуфициенција
Само во еднина.
Значење на инсуфициенција:
1. (мед.) Неспособност, слаба работа на некој орган (особено на срцето) како последица на некое заболување.
2. Неспособност, слабост, нецелосност, недостиг. Таа инсуфициенција на свеста за состојбата во нашава земја е пречка да се отпочне со промени.
Изведени зборови:
- инсуфициентност, и. ж.
Оригинални податоци:
инсуфициенција (само едн.) ж. 1. (мед.) Неспособност, слаба работа на некој орган (особено на срцето) како последица на некое заболување. 2. Неспособност, слабост, нецелосност, недостиг. Таа инсуфициенција на свеста за состојбата во нашава земја е пречка да се отпочне со промени. ‖ инсуфициентност ж.