интегрален
Значење на интегрален:
1. (мат.) Што се однесува на интеграл. Интегрално сметање.
2. Што е неделив дел од целината, неразделно сврзан за неа; што ги има сите составни делови, целосен, целокупен. Интегрален дел на наставата по мајчин јазик е граматиката. Интегрален текст.
Членувана форма: интегралниот.
Изведени зборови:
- интегрално, прил. Неговото дело не е интегрално преведено на македонски јазик.
- интегралност, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Интегрален ориз (брашно и сл.) ‒ на кој му се зачувани сите состојки при мелењето.
Оригинални податоци:
интегрален, интегралниот прид. 1. (мат.) Што се однесува на интеграл. Интегрално сметање. 2. Што е неделив дел од целината, неразделно сврзан за неа; што ги има сите составни делови, целосен, целокупен. Интегрален дел на наставата по мајчин јазик е граматиката. Интегрален текст. ◊ Интегрален ориз (брашно и сл.) ‒ на кој му се зачувани сите состојки при мелењето. ‖ интегрално прил. Неговото дело не е интегрално преведено на македонски јазик. ‖ интегралност ж.