интензивен
Значење на интензивен:
1. Што е изразен во голема мера, напрегнат, силен, жив, бурен. Интензивна работа.
2. (земј.) Што се одликува со висока продуктивност, што од помала површина добива поголем приход. Интензивно земјоделство. Интензивна обработка на земјата.
Членувана форма: интензивниот.
Изведени зборови:
- интензивно, прил. Македонскиот фолклор и денес интензивно живее.
- интензивност, и. ж. сп. интензитет.
Оригинални податоци:
интензивен, интензивниот прид. 1. Што е изразен во голема мера, напрегнат, силен, жив, бурен. Интензивна работа. 2. (земј.) Што се одликува со висока продуктивност, што од помала површина добива поголем приход. Интензивно земјоделство. Интензивна обработка на земјата. ‖ интензивно прил. Македонскиот фолклор и денес интензивно живее. ‖ интензивност ж. сп. интензитет.