интересчија

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на интересчија:

Човек што ги гледа само сопствените интереси со цел да искористи некого или нешто. Чудни луѓе сме: арамии, интересчии, ненаситни итромани.

Множина: интересчии.

Изведени зборови:

  • интересчика, и. ж.

Оригинални податоци:

интересчија, мн. интересчии м. (разг.) Човек што ги гледа само сопствените интереси со цел да искористи некого или нешто. Чудни луѓе сме: арамии, интересчии, ненаситни итромани. ‖ интересчика, мн. интересчики ж.