интересира
Значење на интересира:
Привлекува, предизвикува нечиј интерес. Политиката не ме интересира. Веќе подолго време го интересира таа жена.Коњугација: интересираат , интересирајќи.
Изведени зборови:
- интересирање, глаг. им. ср.
- се ~ интересира, Се занимава со нешто, пројавува интерес за некого или за нешто. Почна да се интересира за странските јазици.
Оригинални податоци:
интересира, интересираат; интересирајќи несв. Привлекува, предизвикува нечиј интерес. Политиката не ме интересира. Веќе подолго време го интересира таа жена. ● се ~ Се занимава со нешто, пројавува интерес за некого или за нешто. Почна да се интересира за странските јазици. ‖ глаг. им. интересирање ср.